На чешкиот пазар повторно откриено коњско месо во „говедско“

Од:

Во Чешка повторно е откриено непријавено коњско месо, во состав дури 87 проценти во декларирано говедско месо кое потекнува од Летонија, информираше Државната ветеринарна инспекција.

Според достапните информации, се претпоставува дека во земјата се увезени 144 конзерви со фалсификувано говедско месо, јави дописникот на МИА од Прага.

Во Чешка, од јануари 2011 година беа откриени неколку различни производи кои наместо декларираното говедско месо содржеле коњско месо.

Според надлежните, неговата консумација не е штетна за здравјето за луѓето, но сепак се работи за прекршок бидејќи не е наведено како состав во официјалната декларација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот