На Арктикот остана рекордно малку мраз

Од:

Арктичкиот мраз делумно се топи секое лето, а во зима повторно се замрзнува. Но, во последните 35 години, сателитските снимки покажуваат дека мразот се топи се повеќе и повеќе.

Рекордна мала количина на мраз е забележана во септември 2007 година. Научниците од Американскиот центар за снег и мраз во Болдер, Колорадо, предупредија дека ова лето мразот на Арктикот се топи толку брзо и во такви количества што речиси повеќе од сигуно е дека површината на мраз ќе биде најмала досега.

Научникот Тед Скамбос за Ројтерс изјави дека новиот рекорд веројатно ќе се случи кон крајот на август, а поларните ледени капи, поради глобалното затоплување, ќе стануваат се помали и помали. Компјутерските проекции покажуваат дека Арктикот би можел да остане целосно без мраз во текот на летата кон крајот на 21- от век, но неодамнешните истражувања покажуваат дека ова би можело да се случи и порано, односно до 2035 година, па и во наредните десет години.

Поточно, во предвид се зема само површинатата која е покриена со мраз, но не и колку мразот е дебел или тенок и според научниците, областа не се смета за замрзната доколку мразот покрива помала површина од 15 проценти.

Сепак, според други пресметки и студии за мерење, кои во предвид ја земаат и дебелината на замрзната морска површина, се открива дека според загубата на волуменот на арктичкиот мраз, тој е 50 проценти поголем отколку што се мислело порано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска