На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од островот Мајорка

Од:

Огромна санта мраз се одвои од западната страна на ледената плоча Рона во морето Ведел на Антарктикот, соопшти вчера Европската вселенска агенција (ЕСА).

Ледениот брег, познат како А-76, има големина од околу 4.320 квадратни километри со што во моментов е најголемиот во светот.

Ледениот брег е забележан на неодамнешните фотографии снимени од сателитската мисија на Коперникус – Сентинел-1 и со околу 170 километри должина и 25 километри ширина, тој е малку поголем од шпанскиот остров Мајорка.

Мисијата Сентинел-1 се состои од два поларни сателити во орбитата кои користат радарско снимање за да собираат податоци, без оглед дали се работи за ден или ноќ, овозможувајќи преглед на далечни региони како Антарктикот во текот на целата година.

Британско истражување на Антарктикот го забележа брегот и тоа го потврди Националниот центар за мраз на САД со употреба на слики од Коперникус Сентинел-1.

Најголемата евидентирана санта мраз претходно беше А-23А, со големина од приближно 3.880 квадратни километри и исто така се наоѓа во морето Ведел.

Ледениот брег А-74, кој се одвои од ледената плоча Брант на Антарктикот во февруари, имаше само 1.270 квадратни километри, колку големината на Лос Анџелес.

Според ЕСА, ледените брегови традиционално се именуваат од квадрантот на Антарктикот во кој првично биле видени, потоа последователен број, а потоа, ако ледениот брег се скрши, последователна буква.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот

А1он

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

А1он

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот

А1он

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Aнтарктик се отцепи санта мраз со површина поголема од Лондон

Катерина Ѓуровски