Неколку часа по серијата експлозии на Шри Ланка, полицијата пронајде бомба во главниот аеродром во таа земја.
Бомбата била откриена при рутинска контрола и уништена на безбеден начин.
-Откриена е пластична цевка долга шест стапки и која содржи експлозив, изјави портпаролот на воздухопловните сили Гихан Сеневиратне.
Аеродромот беше затворен за сообраќај по сознанијата дека е пронајдена експлозивна направа.
Во бомбашките напади на цркви и хотели на Шри Ланка загинаа повеќе од 200 луѓе.