На 2 јуни се отвараат рестораните и кафулињата во Франција

Од:

Рестораните, баровите и кафулињата, по повеќе од два месеца, ќе можат повторно да се отворат почнувајќи од 2 јуни низ цела Франција.

Таа одлука ја соопшти францускиот премиер, Едуар Филип.

-Излегувањето од изолацијата ќе ни овозможи да продолжиме со речиси нормален живот, рече Едуард Филип.

Во Париз и парискиот регион отворени ќе бидат само терасите на сите угостителски објекти, со оглед дека регионот е еден од најпогодените од вирусот.

Повторното отворање треба да се изврши во строги санитарни услови.

Растојанието од еден метар треба да биде задолжително помеѓу клиентите.

На една маса можат да седат најмногу 10 лица, секоја маса мора да ја послужува ист член на персоналот, кој мора да ги мие рацете на секои 30 минути или да носи ракавици.

Угостителите ќе треба да фаворизираат мени во дигитален формат.

Доколку треба да допрат хартија, клиентите ќе треба да ги дезинфицираат своите раце на крајот од нарачката.

Безбедносни растојанија, исто така, мора да се почитуваат во редиците за одење во тоалет.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано