Музејот во Аушвиц немоќен пред морбидните „селфи“ фотографии

Од:

Музејот во некогашниот концентрационен логор што нациститие го изградиле во текот на Втората светска војна во окупираната Полска, е немоќен пред новата мода на таканаречените „селфи“ фотографии што младите ги снимаат на најтрагичните места на холокаустот, каков што е Ѕидот на смртта во Аушвиц.

Појавата на фотографии од насмеани тинејџери пред капијата на логорот и циничниот нацистички натпис „Работата ослободува“ или на девојка во секси пози пред симболот на трагедијата на Аушвиц зема толку голем замав што на социјалната мрежа Facebook се појави профил на кој беа објавени голем број на такви фотографии во желба да предизвикаат осуда.

Американката која го отвори профилот With My Besties in Auschwitz (Со моите најблиски во Аушвиц) по некое време го избриша, сметајќи дека ја исполнила нејзината цел.

„Оние кои не ја разбраа пораката веројатно никогаш и нема“, објаснила Американката која се впуштила во борбата против морбидните и невкусни „селфи“ фотографии.

„Нема ништо лошо во фотографирањето. Важно е како ќе се употребат тие фотографии подоцна. Често гледаме млади како се фотографираат во Аушвиц, почесто тоа се странци отоколку Полјаци. Има луѓе кои се фотографираат пред Ѕидот на смртта. Кога групата е со водич ги предупредува да не го прават тоа. Потешко е со оние кои го посетуваат Аушвиц без водич“, рекол портпаролот на Државниот музеј на некогашниот нацистички логор Аушвиц, Бартош Бартизел, за полската телевизија TVN24.

Во оваа најголема фарика на смртта во која над милион луѓе, претежно Евреи, се убиени во гасни комори или починале поради нечовечки услови за живот, е забрането фотографирање на постојаните поставки и во некои павилјони, на пример во оние во кои е изложена косата на убиените.

Бартизел рекол дека не е можно да се воведе целосна забрана за фотографирање.

„Луѓето не ни знаат на што сéп отсетува тој логор. Најважо е младите да се подготват пред посетата на Аушвиц и да бидат свесни на каква историја потсетува. Аушвиц не е само лекција по историја туку пред се емпатија. Кој е свесен за извесни граници тој не ги надминува“, рекол Бартизел.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска