Муслиманските земји да не извезуваат храна и нафта во Израел повика ајатолахот Хамнеи

Од:

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика муслиманските земји да го прекинат извозот на нафта и храна во Израел, истовремено барајќи прекин на бомбардирањето на Појасот Газа, објавија државните медиуми.

„Мора веднаш да престане бомбардирањето на Газа, мора да се запре извозот на нафта и храна за ционистичкиот режим“, рече верскиот водач.

По нападот на Хамас на 7 октомври врз населбите и кибуците на југот од земјата и учесниците на музички фестивал, во кој за еден ден беа убиени 1.400 луѓе, а беа киднапирани 239, Израел прогласи воена состојба и започна бомбардирање без преседан и опсада на палестинската енклава.

Палестинското Министерство за здравство, кое е под надзор на Хамас, тврди дека во израелските напади досега загинале околу 8.000 луѓе. Хамас е сунитска исламистичка група поддржана од Техеран и која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка група.

Иранските верски водачи го предупредуваат Израел на ескалација доколку не ја прекине својата агресија врз Палестинците и се закануваат дека другите групи во регионот поддржани од Исламската Република ќе интервенираат во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми