Муслимани се молеле во синагога

Од:

Евреи на меѓународниот аеродром во Ерусалим биле изненадени кога забележале дека неколкумина муслимани се молат во синагога.

Сајтот РТ пишува дека станува збор за четворица мажи и една жена, членови на турско семејство, кои барале место за молитва и го нашле во синагогата на аеродромот, која во тој момент била празна.

– Но, кога дознаа дека се молат во синагога, рекоа дека само барале место да се помолат, изјави еден од очевидците, пренесува РТС.

Аеродромот во Ерусалим нема место предведено за молитва на припадници на друга вероисповед освен евреи.

Некои евреи го критикуваа ова турско семејство поради нивната постапка, други пак ги поддржаа.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави