Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин нареди истрага по повод инсталирањето четири ТХААД ракетни системи за лансирање, покрај двата што се веќе распоредени од САД пред да биде тој избран за претседател.
Имено, Мун „бил шокиран“ кога слушнал дека четири дополнителни ТХААД системи се распоредени за борба против Северна Кореја односно дека се донесени, а претходно за тоа не е известена новата влада или јавноста, изјави портпарол на Мун.
Распоредувањето на ТХААД системите од страна на американската армија го договориле од претходната влада на Јужна Кореја и тоа предизвика бес на Кина.