Мухика: Затворениците од Гвантанамо практично се претворени во билки

Од:

Шестмина поранешни затвореници од Гвантанамо, кои се испратени во Уругвај во рамки на инцијативата на американскиот претседател Барак Обама за затворање на американскиот затвор на Куба, практично се претворени во растенија за време на нивниот притвор, изјави уругвајскиот претседател во заминување Хозе Мухика.

Во интервју за Ројтерс, четири дена пред неговиот наследник Табаре Васкез да ја преземе должноста, Мухика истакна дека на шестмината затвореници им недостига волја да го го научат шпанскиот јазик и да се интегрираат, јави Танјуг.

Мухика, поранешен герилски лидер, кој и самиот бил во затвор за време на воената диктатура од 19783-1985 година Гвантанамо го нарече „срам за човештвото“.

– Потребно им е да закрепнат, но не знам дали ќе успеат, рече Мухика.

Мухика е еден од најпопуларните лидери во Латинска Америка поради директниот стил на говор и сочувството кон најсиромашните слоеви на општеството.

Тој воведе радикални мерки во Уругвај, меѓу кои се и оние за примање на затвореници од Гвантанамо, но и легализирањето на одгледувањето, дистрибуцијата и продажбата на марихуана.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај