Уругвајскиот претседател Хозе Мухика повторно го стави Уругвај во центар на вниманието, поради тоа што како бегалци во својата држава прифати шест затвореници од Гвантанамо.
Тој се согласи да ги прифати затворениците кои 12 години поминале во американскиот затвор Гвантанамо на Куба, како хуман гест и рече дека ќе им помогне да започнат нов живот.
Затворениците за кои се смета дека биле поврзани со Ал Каеда се ослободени во рамки на интнензивните напори на американскиот претседател Барак Обама да го затвори тој затвор на Куба.
Уругвај е втора држава во Латинска Америка по Салвадор, која прими затвореници од базата Гвантанамо.
Со оваа одлука левичарскиот претседател кој на меѓународната сцена е познат по своите говори, по скромниот стил на живеење влезе во нова етапа во своите односи со САД.
Е. Г.