Му воведовме санкции на Лукашенко – Македонија се приклучи кон мерките на ЕУ против Белорусија

Од:

Пет европски земји денеска се приклучиле кон санкциите кои Европската унија ги воведе против политичкото раководство на Белорусија, соопшти Советот на ЕУ.

„Земјите-кандидатки: Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и Исланд и Норвешка, кои се дел од Европската економска заедница, се придружуваат кон одлуката на Советот,“ се вели во соопштението, во кое се поздравува нивната одлука за приклучување кон санкциите, воведени поради неправилностите на изборите за претседател и репресивниот однос на власта на Александар Лукашенко кон опозициските демонстранти.

Исто така, во соопштението се наведува дека по овој чекор, петте држави се обврзале да ги водат своите национални политики во склад со одлуката на Советот.

ЕУ од 2 октомври лани објавува список со белоруски функционери и државни компании кои се под санкции, а тој редовно се ажурира.

Во одговор на мерките од Брисел, Белорусија воведе реципрочни мерки кон земјите-членки на Унијата, а меѓу нив се запирањето на активноста на групата за координација „Белорусија-ЕУ“ и намалување на учеството на земјата во Источното партнерство. Властите во Минска најавуваат дека наскоро ќе воведат и други реципрочни мерки.

По изборите на почетокот на август, на кои според власта убедлива победа однесе актуелниот претседател Лукашенко, опозицијата објави дека не ги признава резултатите, затоа што според неа, победничка била опозициската кандидатка Светлана Тихановскаја. Започнаа масовни протести под обвиненија за масовна изборна кражба. Власта одговори остро на протестите, апсејќи илјадници демонстранти, од кои многумина се уште се во притвор.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци