Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Од:

Европа ќе мора да плати фантастична сума за да ја состави Украина од нејзините парчиња, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

„Американскиот претседател Доналд Трамп објасни како Киев ќе и плати на Америка – со ретки метали. А што е со Европа? Таа ќе плати фантастична сума за да ја состави пропаднатата држава Украина од парчиња – Европејци, благодарете им се на вашите лидери за ова: Урсула фон дер Лајен (претседател на ЕК), францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и други патетични личности“, напиша тој на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД очекуваат Украина да обезбеди гаранции за снабдување со ретки метали во замена за финансиската и воената помош од Вашингтон.

Володимир Зеленски, за време на средбата со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, во Кујево, потврди дека се согласува со предлогот на Доналд Трамп Киев да им ги предаде на САД ретки метали во замена за воена помош.

„Отворени сме за сето ова да се договори со нашите партнери кои ни помагаат да ја одбраниме нашата земја и да го туркаат непријателот со нивното оружје, нивното присуство, санкции“, нагласи Зеленски, а пренесуваат украинските медиуми.

Би можело да ве интересира

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски