Можно е Хамас да го прифати египетскиот план за примирје

Од:

Наспроти изјавите на претставници на Хамас дека не се согласуваат со предлогот на Египет за прекин на огнот во судирот со Израел, можно е во следните неколку часа политичкото раководство на ова движење да започне разговори со египетските разузнавачи со цел сепак да го прифати планот, соопштија палестински извори.

Лидерот на политичкото крило на Хамас, Калед Машал или неговиот заменик Исмаил Ханија, како што се очекува, во текот на денов ќе издадат соопштение, кое ќе зависи од резултатот на преговорите меѓу раководствата на Хамас и Египет.

Претходно, израелскиот Кабинет за безбедност го прифати предлогот на Египет за примирје со Палестинците, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Кабинетот одлучи да одговори позитивно на египетската иницијатива за прекин на огнот, се наведува во соопштението.

Египет синоќа предложи привремен прекин на огнот како прв чекор за ставање крај на најновиот израелско-палестински судир, во кој досега животот го загубија 175 лица, а над 1.200 се ранети.

Египетското Министерство за надворешни работи објави план во три точки, што треба да почне со 12-часовен прекин на огнот од страна на Израел и Хамас. Потоа следи отворање на граничните премини и преговори во Каиро меѓу двете страни.

Военото крило на Хамас, „Бригадите ал Касам“ меѓутоа го отфрли предлогот за прекин на огнот, оценувајќи го како капитулација.

– Станува збор за капитулација и ние го отфрламе (предлогот) без размислување, наведе во соопштение оваа милитантна група, заканувајќи се притоа со дополнителна ескалација на конфликтот.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски