Мотоциклистите од „Ноќните волци” спречени да влезат во Полска

Од:

Мотоциклистите од рускиот клуб „Ноќни волци” кои по повод 70-годишнината од победата над нацистичка Германија организираат свечено возење од Москва до Берлин, каде треба да стигнат на 9. мај, на Денот на победата, од полските органи не биле пуштени да поминат низ земјата.

Според Полската државна телевизија, тие не исполнувале услови за влез во земјата, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Руските медиуми известуваат дека на десетиците мотоциклисти кои ноќеска биле на граничниот премин Брест-Тереспол не им било објаснето зошто не смеат во земјата.

Според планираната маршрута ,„Ноќните волци” на патот кон Германија треба да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка.

Полска уште претходно соопшти дека нема да дозволи поминување на „Ноќните волци” низ нивна територија поради тоа што немаат прецизни информации за движењето и распоредот на мотоциклистите и не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

Чешкото Министерство за надворешни работи за време на викендот го отфрли официјалното барање на руските власти за асистенција при обезбедувањето на премин низ земјата на руските мотоциклисти, објаснувајќи дека поради приватниот карактер на настанот учесниците мора индивидуално да побараат дозвола за престој и поминување низ земјата од надлежните органи на Чешка. Притоа се додава дека доколку дека документите не можат да се обезбедат за кусо време.

„Ноќните волци” се познати по блиските врски со рускиот претседател Владимир Путин, по нивната поддршка на анексијата на Крим и на проруските сили кои се борат во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа