Москва: Во областа Харков е откриено големо складиште за оружје

Од:

Припадници на руската Национална гарда открија голем магацин со оружје и муниција во регионот Харков, кој им припаѓа на украинските сили за специјални операции, соопшти прес-службата на Националната гарда.

– Благодарение на навременото откривање на складиштето, Националната гарда ги наруши плановите на украинските националисти за ненадеен напад врз конвоите на руските трупи, наведува прес-службата.

За време на претресот и извидувањето, припадниците на Националната гарда открија голема залиха оружје и муниција на диверзантско-извидувачката група на украинските сили за специјални операции во областа Изум во регионот Харков, се вели во соопштението. При претрес на упориштето на украинските сили во шумската област, припадниците на Националната гарда пронајдоа два турски, два шведски и три американски противтенковски ракетни фрлачи.

Во магацинот се наоѓало и големо количество борбена опрема и резерви на храна за неколку дена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков