Москва: Соборувањето на авионот ги усложнува разговорите за Сирија

Од:

Соборувањето од страна на Турција на рускиот авион во близина на границата со Сирија минатата недела, ги усложнува мировните преговори за Сирија, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Зaхарова изјави дека инцидентот не само што ги оптовари претходно блиските врски меѓу Русија и Турција, туку и „ги отежнал разговорите во Виена“.

Инцидентот ја направи Москва поодлучна да ги убеди другите учесници да се согласат за листата на „терористичките групи“ во Сирија, пред наредната рунда преговори, кажа Захарова, и додаде дека без тоа, заедничка акција во Сирија, не е возможна.
Захарова истакна дека Москва не размислува за временскиот рок до кога треба да се постигне договор.

Турција на 24 ноември, на границата со Сирија собори руски бомбардер Су-24, бидејќи како што тврди го нарушил нејзиниот воздушен простор, што е првпат во половина век една членка на НАТО да собори некој руски авион, што наиде на остра реакција од Москва.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски