Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Од:

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска изјави дека на Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не примирје, додавајќи дека е неопходно „некој во Киев да донесе одговорна одлука“.

– Ништо не е променето во однос на ставот на Москва за решавање на украинскиот конфликт. Нам ни треба мир, а не примирје, рече Песков, пренесува новинската агенција РИА Новости.

Според него, украинското прашање не може да се реши без присуство на претставници од Киев.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот во Украина ќе биде решен, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да биде вклучен во тој процес.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија