Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години

Од:

Москва во петокот ги забележа најсилните снежни врнежи во последните 56 години, при што 42 проценти од месечните врнежи паднаа за 24 часа, соопшти рускиот метеоролошки центар Фобос.

Метеорологот Евгениј Тишковец изјави дека снежната бура во централна Русија кулминирала со рекордни снежни врнежи што го парализирале копнениот и воздушниот сообраќај. Тишковец нагласи дека таков „снежен Армагедон“ не се случил во Москва среде зима во последните 56 години.

Според него, мерачот на врнежи на главната московска метеоролошка станица ВДНХ измерил 22 милиметри за 24 часа, или 42 проценти од месечната норма.

„Снежните врнежи се намалија преку ноќ, а до утрото паднаа уште два милиметри лесен снег“, рече Тишковец, објави РИА Новости.

Тој истакна дека со ова е соборен рекордот поставен во 1976 година за 9 јануари, кога градот регистрирал 12,9 милиметри врнежи.

Тој додаде дека вкупниот број е буквално еден милиметар помалку од изедначување на дневниот рекорд за јануари, кој постои од 1970 година.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење

АМСМ: Сите државни патишта проодни, се препорачува внимателно возење

Катерина Ѓуровски