(ВИДЕО) Спречен e терористички напад во Москва

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека спречила терористички напад во Москва против висок полициски службеник, кој го планирала Украинската служба за безбедност (СБУ).

Според ФСБ, украинските агенти поставиле бомба во багажникот на електричен скутер паркиран во близина на бизнис центар, а напаѓачите имале намера да ја активираат бомбата од далечина кога високиот руски полициски службеник стигнал до влезот во зградата, пренесува РИА Новости.

Украинските разузнавачки служби маскирале еден и пол килограм експлозив како полнач за електрични возила, се вели во соопштението.

Импровизираната експлозивна направа била полна со метални делови, „шрафови“ и „навртки“, што можело да предизвика голем број жртви, според ФСБ.

Службениците на ФСБ го спречиле терористичкиот напад и ги заплениле експлозивите, а во тек е потрага по оние кои учествувале во поставувањето на бомбата, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Москва предлага пакт со НАТО

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Руска полиција упадна на приватна свингерска забава во Москва: Гостите ги натерале да легнат на под

Предраг Петровиќ