Москва: Лажни се сателитските снимки на САД

Од:

Руското министерство за одбрана соопшти дека се „лажни“ сателитиските снимки за гранатирањето на украинската војска ос територијата на Русија.
Автентичноста на фотографијата е невозможно да се докаже, соопштија од Министерството.

Фотографиите кои ги постави американскиот амбасадор во Киев, Џефри Пајет, на својот Твитер профил и кои наводно докажуваат дека кон Украина биле испукани гранати од руска територија се „лажни“ наведоа од руското министерство.

-Овие материјали не се случајно поставени на Твитер, бидејќи е невозможно да се провери нивната автентичност-поради непостење на податоци за точната локација и екстремно слабата резолуција, а најмалку да се користат како „фотографски докази“, рече Игор Конешенков од Министерството за одбрана на Русија.
Такви „фотографии“ рече генералот, се користат и од претставниците на Киев, како изговор за употреба на тешка артилерија против цивилното население. Ова се нарекува „информативно спинување“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии