Москва го повика Вашингтон да го „вразуми“ Киев

Од:

Русија денеска соопшти дека украинските стремежи за приклучување кон НАТО имаат за цел да ги поткопаат напорите за запирање на војната во источниот дел од земјата, и го повика Вашингтон да ги искористи своето влијание за да го „вразуми“ Киев.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров посебно потенцира дека иницијативата на Киев за членство во НАТО дојде непосредно по средбата на претседателите на Русија и Украина за изноѓање решение на конфликтот меѓу украинската Влада и проруските сепаратисти.

– На тој начин „партијата на мирот“ се обидуваше и се уште се обидува да најде политичко решение на проблемот со преговори за сите фундаментални прашања пред кои се исправени Украинците, а во Киев „партијата на војната“ очигледно прави чекори кон поткопување на овие напори, рече Лавров на прес-конференција во Москва.

„Вашингтон и некои други европски престолнини активно ја поддржуваат и охрабруваат партијата на војната во Киев“, забележа Лавров и додаде дека „најважното нешто сега е партијата на војната во Киев да биде вразумена, а тоа во најголема мера може да го направи само Вашингтон“.

Украина и нејзините западни сојузници ја обвинуваат Русија дека ги поддржува бунтовниците, кои ги вооружува и им испраќа тенкови и војници, но Москва сето тоа го негира. 

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети