Москва ги повика Холандија и Турција да покажат воздржаност

Од:

Кремљ денеска ги повика Холандија и Турција да покажат воздржаност и да работат на „конструктивна деескалација на конфликтот“, јави ТАСС.

– Ги повикуваме Хаг и Анкара да покажат безусловна воздржаност и конструктивност во деескалацијата на тензиите до кои дојде меѓу двете земји, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Песков нагласи дека Русија не смета дека во овој случај се потребни посредници меѓу двете земји.

– Само овие две земји можат да најдат излез од настаната ситуациија. порача Песков.

Односите меѓу двете земји ескалираа откако во саботата холандските власти одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја. По ваквата одлука на Хаг, турските лидери упатија закани на сметка на Холандија, обвинувајќи ја за „нацизам и фашизам“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски