Москва ги отфрли резултатите од британската истрага за Литвиненко

Од:

Москва денеска ги отфрли објавените резултати од британската истрага за смртта на поранешниот агент на руски КГБ,  Александар Литвиненко, според кои неговото труење во Лондон во 2006 година веројатно го одобрил рускиот претседател Владимир Путин.

Неименувани извори од Кремљ наведуваат дека за Москва е неприфатлив тајниот карактер на некои делови од истрагата и предупредуваат дека британската истрага ќе има сериозни последици во односите меѓу Велика Британија и Русија, пренесува Б92. повикувајќи се на руските медиуми.

Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека британската истрага за смртта на Литвиненко е пристрасна и ограничена и дека Лондон го политизира овој чисто кривичен случај нарушувајќи ја атмосферата во билатералните односи меѓу Велика Британија и Русија, пренесуваат светските агенции.

Британскиот судија Роберт Овен претходно денеска во лондонскиот Висок суд, на крајот од јавната истрага за смртта на Литвиненко, изјави дека Путин веројатно ја одобрил операцијата на руската безбедносна служба ФСБ за неговото труење со радиоактивната супстанца во Лондон во 2006 година.

Во извештајот на Овен е наведено дека убиството го одобрил и тогашниот шеф на ФСБ, наследникот на КГБ, Николај Патрушев.

Според резултатите од истрагата во Велика Британија, постоело лично непријателство меѓу Литвиненко и Путин, односно рускиот претседател и членовите на неговата администрација имале мотиви да го убијат поранешниот руски шпион, наведуваат британските медиуми.

Кремљ досега постојано негираше дека е вмешан во овој случај, додека Литвиненко на смртната постела на истражителите им кажал дека директно Путин го наредил неговото убиство.

Литвиненко (43), отворен критичар на Путин кој побегнал од Русија шест години пред убиството, почина откако во лондонски хотел се напил зелен чај во кој се наоѓал редок радиоактивен изотоп на полонијум-210.

Вдовицата на поранешниот руски шпион Марина Литвиненко пред Високиот суд во Лондон денеска изрази задоволство од заклучоците на британската истрага и ја повика британската Влада да преземе чекори против руските агенти кои оперираат во Велика Британија и да воведе санкции против Русија и Путин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ