Москва: ЕУ се мешаа во донесувањето одлуки за Украина

Од:

Европејците се мешаа и продолжуваат да се мешаат во донесувањето одлуки за Украина, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, додавајќи дека продолжувањето на нормалната дипломатска работа е диктирано од европски манипулатори.

Во интервју за рускиот телевизиски канал ТВЦ, Рјабков истакна дека „махинациите“ на европските држави во минатото го попречувале решавањето на украинскиот конфликт и оцени дека нивниот пристап не се променил, пренесува РИА Новости.

„Апсолутно сум сигурен дека де факто одбивањето да се продолжи со нормална дипломатска работа е диктирано од европски манипулатори. Да се ​​потсетиме на 2022 година, да се потсетиме колку бевме блиску до постигнување договор во директни преговори со Украина. Уште еднаш, злонамерните махинации на западните центри на моќ, со особено значајна улога на официјален Лондон, спречија да се постигне решение во таа фаза. Сега историјата се повторува. Ситуацијата на терен е различна, но политичкиот пристап на истата оваа европска група манипулатори не се променил“, рече Рјабков.

Зборувајќи на состанокот на Рускиот совет за безбедност, кој се одржа на 21 ноември, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека доколку официјален Киев ги отфрли американските мировни предлози, Украина и европските военоподбуцнувачи мора да знаат дека настаните што се случија во Купјанск „неизбежно ќе се повторат на други клучни делови од фронтот“.

Путин додаде дека ова ѝ одговара на Русија, бидејќи води кон постигнување на нејзините цели со воени средства.

„Сепак, Русија постојано повторуваше дека е подготвена и за мировни преговори, што бара суштинска дискусија за сите детали од предложениот план“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра