Новиот претседател на Еквадор, левичарот Ленин Морено, Џулијан Асанж го нарече хакер, но истакна дека основачот на Викиликс може да остане во Амбасадата на таа земја во Лондон.
– Асанж е хакер. Тоа е нешто на што се противиме и на што јас лично се противам, но ја почитувам ситуацијата во која се наоѓа, која бара почитување на неговите човекови права, но ние бараме и тој да ја почитува ситуацијата, во која се наоѓа, рече Морено.
Претходникот на Морено, Рафаел Кореа го сметаше Асанж за новинар и му овозможи азил во Амбасадата на таа земја во Лондон во 2012 година, со цел да избегне да биде екстрадиран во Шведска поради обвинувањето за силување.