Монголија се стреми кон траен неутралитет

Од:

Џапан тајмс – Токио

Притисната меѓу Кина и Русија, без излез на море, Монголија одамна бара среден пат и ја поддржува еднаквоста меѓу Москва и Пекинг, а истовремено САД и други далечни сојузници ги нарекува “трети соседи“.

Сега кога се очекува природните богатства да ја преобразат нејзината главно аграрна економија, Монголија се подготвува да го бетонира тој статус на безпристрасност, и да прифати траен неутралитет како заштита од надворешни влијанија.

Монголскиот претседател Цахиагијн Елбергдорџ рече дека тоа е најдобриот начин да биде исполнета силната желба во огромната азиска земја со население од едвај околу три милиони луѓе, за мир, безбедност и балансирани надворешни односи. Истовремено, тој чекор ќе го подобри нејзиниот глобален имиџ во меѓународните организации како ОН, смета тој.

Предлог законот за неутралниот статус влезе во монголскиот парламент минатата недела. Трајниот неутралитет на Монголија „ќе придонесе за зацврстување на мирот, безбедноста и развојот во нашиот регион и во светот воопшто“, рече Елбергдорџ во говор пред Генералното собрание на ОН во септември.

Фундаментите на неутралитетот веќе се поставени, откако Улан Батор донесе правна забрана за атомското оружје и за воените сојузи. Властите рекоа дека по распадот на некогашниот покровител Советскиот сојуз во 1991 година – Монголија фактички го подржувала неутралитетот и покрај блиските односи со САД, по што Улан Батор испрати војници и инструктори во Ирак и во Авганистан.

Неутралитетот како статус го дава впечатокот на одредена земја дека нејзината територија и народот се заштитени, што е причина таа да се воздржува од учество во воени конфликти. Швајцарија, Костарика и Ватикан се најпознатите застапници за тој статус – воспоставен на Хашката конференција во 1907 година – заедно со редица други земји кои во текот на еден или друг период од историјата исто така биле неутрални.

Во своите книги, образованиот на Харвард Елбергдорџ како корист за неутралитетот во блиската историја на Монголија, тој ги наведува и географската поставеност и „уникатноста“ на избраниот пат за развој.

Улан Батор има многу причини да се тревожи заради влијанието на соседите. Кина е најголемиот економски партнер на Монголија. Кина голта 80 проценти од монголскиот извоз, и е извор на 30 проценти од увозот во Монголија, заедно покрај инвестициите од 3,8 милијарди долари.

Русија, од друга страна, во целина го обезбедува монголскиот увоз на енергенси. Врските изградени уште за времето на Студената војна, кога Русија имаше доминантна улога во монголскиот политички живот, останаа силни. Монголија се воздржа при гласањето во ОН за осуда на Русија заради анексијата на Крим.

Неутралитетот ќе стави крај на скромното влијание на НАТО и САД, и ќе го направи невозможно полноправното членство на земјата во Шангајската организација за соработка – регионално политичко и економско обединување, чиј стремеж е да го ограничи американското влијание во Централна Азија, и во која доминираат Русија и Кина.

Се тврди дека Монголија била поканета да се приклучи кон блокот, иако нејзиното раководство се однесува ладно кон таа идеја.

– Нашите две соседки немаат интерес ние да се зближуваме со САД. Така ќе биде ако нашата земја е со траен неутралитет, ќе се извлечеме од тој притисок, рече Џ. Бајсах, професор по меѓународни односи на Монголскот национален универзитет.

Законот ќе му овозможи на Улан Батор да ги зачува своите вооружени сили, како и да се приклучува кон воени сојузи при закана за својот суверенитет и независноста.

Но тој чекор нема некаква посебна вредност ако Кина и Русија не го намалат економскиот и политичкиот притисок врз Монголија, што отвара сомнежи за смислата на сета таа иницијатива, рече Енхсајхан Жаргалсајхан, поранешен претсгавник на Улан Батор во Оганизацијата за безбедност и соработка во Европа (Обсе). Тој додава дека монголската надворешна политика и вака и онака веќе е потчинета на принципите на еднаквост, прагматизам и флексибилност. Енхсајхан изрази сомнеж дали монголите треба да го ограничат „суверенитетот доброволно“.

Независно од тоа, Монголија изгледа има намера да го стави официјалниот карактер на својот статус како неутрална земја во понатамошниот дијалог меѓу Елбергдоџ и пратениците, како и во прифаќањето на предлог законот. Министерот за надворешни работи Лундег Пуревсурен, ги навести намерите на Улан Батор на своите посети во странство, па дури и побара совет од неутралната Швајцарија.

– Трајниот неутралитет не значи изолација од меѓународната заедница, рече Чоинхор Жалбу, директор на Монголскиот институт за геополитички истражувања, и поранешен амбасадор во САД. „Просто кажано, тоа е позиција со која Монголија нема да се приклучува кон која било друга страна“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлодира цистерна со гас во Монголија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Илјадници Руси чекаат повеќе од 16 часа за влез во Монголија

А1он

Силен земјотрес на границата меѓу Монголија и Русија

Ана Ололовска

Момче во Монголија почина од чума, која му ја пренел заразен мрмот

Ана Ололовска

Во Монголија потврдени два случаи на чума

Ана Ололовска

Прв случај на коронавирус во Монголија

Ана Ололовска