Момче скокна од покривот на училиштето, мајка му гледала: Го малтретирале девојчињата од одделението

Од:

Родителите тврдат дека момчето било понижувано, малтретирано и провоцирано на училиште и дека малтретирањето долго време го игнорирале неговиот класен наставник и директорот на училиштето.

Момчето Роман (15) скокнало од покривот на училиштето во Словачка, додека неговата мајка Ивета се обидувала да го премисли и со солзи во очите ги гледала неговите последни моменти од животот.

Страшната трагедија се случила во училиште во Пархована во областа Требишов.

Мајката Ивета заедно со заменик директорот на училиштата се обиделе да го одвратат од намерата, но залудно.

Родителите на Роман тврдат дека нивниот син бил малтретиран од некои соученички. Тој правел се за да и се допадне на околината, но според неговите родители, тие правеле се да се чувствува дека не припаѓа таму.

Страдањето на Роман резултирало со трагичен настан кога решил да си го одземе животот.

Мајката Ивета била сведок на последните моменти од животот на нејзиниот син.

„Ми се јави наставникот и рече дека Роман е на покривот на училиштето. Кога стигнав во училиштето, неговиот клас и заменик директорот беа таму. Се обидовме да му го одвлечеме вниманието, му реков дека ќе го смениме училиштето, за жал ништо не успеа“, рече мајката.

Таа раскажа како Роман цело време стоел на работ од покривот.

Повеќе вести од А1он

“И потоа ги рашири рацете и скокна, веднаш до мене. Врескав, бев во шок. За жал, ја удри главата во бетонот, повредите кои ги доби беа фатални”, рече неутешната мајка.

Родителите тврдат дека Роман бил понижуван, малтретиран и провоциран на училиште и дека малтретирањето долго време го игнорирале неговиот класен наставник и директорот на училиштето.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски