Моќната американска морнарица веќе се позиционира во венецуелските води

Од:

Американски воени бродови се приближуваат кон венецуелските води во јужниот дел на Карибите, како дел од напорите на администрацијата на Доналд Трамп да ја засили борбата против трговијата со дрога, објавија Ројтерс, Ал Џезира и Франс 24.

Администрацијата на Трамп го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро за соработка со нарко-картели и трговија со кокаин. На почетокот на август, САД ја удвоија наградата за информации за негово апсење од 25 милиони долари на 50 милиони долари, нарекувајќи го еден од најголемите трговци со дрога во светот.

Како одговор, Мадуро ги повика граѓаните да се приклучат на полицијата во земјата, велејќи: „Ниту една империја нема да ја допре светата почва на Венецуела“.

Според Ројтерс, американските разорувачи од класата „Егис“ веќе се во јужниот дел на Карибите, додека „УСС Лејк Ери“ и „УСС Њупорт Њуз“, брза нуклеарна подморница, исто така се на пат.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Гарибабади: Нема да чекаме САД први да нападнат

Медведев: Заострувањето на санкциите против Русија ќе им наштети на Американците

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат