Моќна експлозија одекна во центарот на либискиот главен град Триполи пред полициска станица.
Во регионот на експлозијата се наоѓа и зградата на либиското Министерство за надворешни работи.
Експлозијата предизвика материјална штета врз полициската станица, но и врз неколку автомобили.
Засега нема официјална информација за причините за експлозијата.
Триполи е под контрола на самопрогласената влада на вооружената групација Либиска зора. Таа го зазеде градот во август минатата година. Меѓународно признатата Влада седиштето го премести во Тобрук.