Могерини: Оние кои ја слават победата на Доналд Трамп ќе зажалат

Од:

Ректорката на Европскиот колеџ и директорка на Дипломатската академија на Европската унија, Федерика Могерини денеска изјави дека како главни опасности за светот ги гледа дополнителните царини, војните во Источна Европа и Блискиот Исток и кршењето на човековите права, особено за Европа.

Говорејќи на панелот „Светот по изборите во Америка и ЕУ“ на безбедносната конференција во Белград, поранешниот шеф на дипломатијата на ЕУ додаде дека оние кои денеска ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД за неколку месеци ќе сфатат дека тоа ќе им биде тешко и за нив.

Таа рече дека е многу загрижена како дополнителните царини воведени за стоки од некои земји ќе се одразат на светската трговија и дека не ја разбира самата логика на воведувањето на тие царини.

Зборувајќи за војните во Украина и на Блискиот Исток, Могерини рече дека е загрижена за тоа како реизборот на Доналд Трамп за претседател ќе влијае на почитувањето на меѓународното право.

„Тоа ќе има импликации во Украина, на Блискиот Исток и на други места во светот. Верувам дека ќе се обиде да го следи она што го кажа“, изјави Могерини.

Таа нагласи дека е загрижена и за кршењето на човековите права и недостатоците во демократските системи.

„Меѓународниот поредок заснован на норми, меѓународното право, едноставно не е релевантен. Верувам дека вредностите се елемент кој ќе има влијание во сите делови на светот од Европа до САД. Човекови права, владеење на правото, демократија, различност и инклузија“, рече Могерини.

Таа истакна дека е многу загрижена за тоа што американскиот претседател не само што ќе каже, туку и ќе го направи во однос на оние фундаментални вредности што ги зближија земјите во трансатлантската заедница.

„Верувам дека ќе има многу силно влијание во американското општество, но и, потенцијално, низ европските општества и во светот, во смисла на поттикнување на помалку либерални пристапи“, рече Могерини.

Би можело да ве интересира

ДПА: Фредерика Могерини, Тереза Меј, Марк Руте, Клаус Јоханис меѓу кандидатите за иден шеф на НАТО

А1он

ВИДЕО: Заев и се заблагодари на Могерини за поддршката и во моментите на криза и во моментите на успех

Татјана Ташкова

Харадинај: Могерини ни предизвика политички трауми

Предраг Петровиќ

Могерини: Неприфатлива е воена интервенција во Венецуела

Хан и Могерини бараат дијалог меѓу власта и опозицијата во Албанија

Могерини: Има голема одлучност во Северна Македонија за реформската агенда