Могерини: Истрагата за смртта на Кашоги да не биде водена од геополитика

Од:

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на пленарната седница на Европскиот Парламент денеска побара истрагата за смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги да биде водена од потрага по вистината, а не од геополитика.

Могерини потсети дека премногу детали за убиството на Џамал Кашоги недостасуваат.

– Објаснувањата дадени досега од саудиските власти оставаат многу сомнежи и неодговорени прашања. Истрагата треба да биде водена од потреба по вистината, а не од геополитика, истакна Могерини.

Високата претставничка истакна дека ЕУ во иднина по ова прашање ќе се постави зависно од следните чекори што ќе ги преземат саудиските власти.

– Ќе бидеме цврсти и одлучни во барањето вистина и одговорност, што е различно од одмазда, порача Могерини.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер