Могерини: ЕУ е за санкции кон Северна Кореја со цел да се отвори дијалог

Од:

Шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европска унија се договорија да работат на нов пакет санкции кон Северна Кореја.

– Се договоривме да го поддржиме Советот за безбедност на Обединети нации во донесувањето на нови мерки во областа на економските санкции против Северна Кореја. Во исто време, ќе работиме на тоа трети земји во целост да ја применат одлуката на СБ на ОН, каква и да е, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини по првиот ден од неформалниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи.

Таа додаде дека ЕУ министрите се согласиле да придонесат за новата одлука на СБ на ОН со воведување на автономни мерки од Унијата.

– Целиот притисок, кога станува збор за санкциите на ОН и на ЕУ е со цел да се отвори дипломатски дијалог, кој во моментот не постои, посочи Могерини.

Таа повтори дека санкциите не се цел сами по себе туку средство за отворање на политички дијалог.

– ЕУ се залага за политички дијалог, кој ќе води до целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуосторов, истакна Могерини.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали