Мнучин: Потребни се уште 250 милијарди долари кредити за малиот бизнис

Од:

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека од Конгресот ќе побара уште 250 милијарди долари за стартот на новата програма за кредитирање на малите компании, пренесоа француските медиуми.

На крајот на минатиот месец американскиот Конгрес ја одобри програмата за заштита на платите во износ од 350 милијарди долари, со која се осигурува неповратна помош за компаниите низ целата земја за плаќање на нивните привремено невработени работници.

Мнучин денеска на Твитер напиша дека апелира до републиканските и демократските сенатори во Сенатот и конгресмените во Претставничкиот дом „ да обезбедат дополнителни 250 милијарди долари за програмата #PPPLoan, со која ќе се гарантира дека малите компании ќе ги добијат потребните пари“ .

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски