Млечен пат има 17 милијарди планети слични на Земјата

Од:

Во потрага по сестрата близначка на Земјата, две независни групи на американски астрономи дошле до заклучок дека Млечниот Пат има најмалку 17 милијарди планети со димензии слични на Земјата!

Проценки се базирани на свежи податоци кои дојдоа од сондата на НАСА „Кеплер”, кој е лансирана во 2009 година, со задолжение да пронаоѓа „земјен” свет.

Тоа не значи дека сите тие планети се погодни за живеење, но голем е бројот на појдовните точки за пребарување на светови слични на нашиот, оценува Асошиетед прес.

Научниците допрва треба да ја пронајдат сестрата близначка на Земјата, значи не само таа што е слична во големина, туку и онаа која се наоѓа во т.н. „Goldilocks zone”, каде што не е ниту премногу топло ни премногу ладно, па водата може да постои во течна агрегатна состојба.

Тимот од центарот за астрофизика на Универзитетот „Харвард”, проценува дека најмалку една од шестте ѕвезди во Млечниот пат има димензии слични на Земјата.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата