Мистериозна смрт на Србинка во Доминиканската Република: Нозете врзани со лента, тегови закачени на глава

Од:

Поранешната учесничка на реалното шоу „Парови“ Вољенка Илиќ е пронајдена мртва во базенот на нејзината резиденција во Доминиканската Република. Живеела во провинцијата Пуерто Плата.

Нејзиното тело било откриено во базенот во нејзиниот дом, со врзани нозе со селотејп и тегови закачени на главата, пишува „Доминикана тудеј“.

Медицинските експерти заклучиле дека таа починала од задушување. Оваа трагедија се случи во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.

Според информациите, во куќата на Илиќ дошла една државјанка на Србија, чие име не е познато, на барање на роднините, кои неколку дена не можеле да контактираат со неа. Токму таа го открила телото.

Весникот „Доминикана тудеј“ пишува дека на имотот било пронајдено писмо на српски јазик, во кое Вољенка Илиќ напишала дека не сака да продолжи да живее.

Полицијата и Министерството за јавност вршат детална истрага за да се утврди дали се работи за самоубиство или убиство.

Инаку, телото на Вољенка Илиќ е пренесено во Националниот институт за форензички науки во Сантијаго, каде ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција го приведе момчето на убиената Анастасија Рубинска

Горан Наумовски

ВИДЕО: ФБИ ја истражува смртта на млада американска политичарка

Специјален тим ќе го истражува убиството на младата тинејџерка во Индија

Приведен сопругот на убиената атлетичарка Тироп

Убиецот на бугарската новинарка и ги одзел телефонот, клучевите и облеката

Кристијан Ландов