Грчката полиција го приведе момчето на убиената Анастасија Рубинска

Од:

Грчката полиција итно го приведе на разговор Михаило Н. (28), момчето на убиената Анастасија Рубинска (27), објави грчкиот портал „Прототема“.

Според информациите, детективите се посомневале на Михаило откако го анализирале мобилниот телефон на трагично убиената девојка.

„Анализата на телефонот откри бројни сомнителни работи. Анастасија во 20 часот и 40 минути отишла во неговиот стан со главниот осомничен, 32-годишниот државјанин на Бангладеш, од каде што час и половина подоцна му се јавила на своето момче. Таа му кажала на Михаило дека таа мислела дека е во опасност и дека мора веднаш да дојде да ја земе“, велат детективите.

Тие додадоа дека им било особено сомнително тоа што Михаил веднаш не ја земал девојката, иако таа му кажала во кој дел на островот Кос се наоѓа.

„Момчето ќе мора да одговори на многу прашања. Крајно е чудно што не отишол веднаш да и помогне на девојката иако таа викала за негова помош. Иако приведениот од Бангладеш е последниот кој ја видел Анастасија жива, Михаил бил последен кој разговарал со неа“, потенцираат детективите.

На таа трага, детективите се сомневаат и во можноста главниот осомничен од Бангладеш да имал соучесник.

Инаку, таткото на убиената Анастасија во исповед за полските медиуми изјави дека неговата ќерка пред убиството била киднапирана, силувана и дрогирана. Тој тврди дека неговата ќерка била добра девојка која верувала дека целиот свет е таков и често постапувала непромислено врз основа на тоа.

„Анастасија беше убава девојка, мислев дека ја однеле во бордел, но кога слушнав дека уапсениот рекол дека ја оставил сама откако имале секс, знаев дека приказната не оди добро“, изјави Андреј Рубински во интервју за полски „Онет“.

Според него, се верува дека Анастасија била жртва на измама што имала трагични последици.

Прегледот на снимките од безбедносните камери идентификуваше маж од Бангладеш кој беше виден како се вози со Анастасија на мотор.

„Михаило беше вклучен во потрагата од почетокот, беше во контакт со грчката полиција“, рече Андреј.

Во меѓувреме пристигнаа и резултатите од обдукцијата кои покажаа дека смртта на Анастасија била насилна. Според форензичкиот извештај, кој е проследен до истражните органи, смртта била предизвикана од гушење, пишува грчкиот портал Протема.

Би можело да ве интересира

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Грчко МНР: Сиљановска го прекрши Преспанскиот договор и Уставот на земјата

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он