Сите 27 лидери постигнаа договор за дополнителен пакет поддршка за Украина од 50 милијарди евра во рамки на буџетот на ЕУ, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
– Имаме договор – изјави Мишел на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека со ова се заклучува „трајно, долгорочно и предвидливо“ финансирање на Украина.