Либанскиот Парламент денеска го избра Мишел Аун за нов претседател на Либан, со што и стави крај на повеќе од две години долгата политичка блокада во која оваа блискоисточна земја неможеше да избере нов шеф на државата.
Аун е поранешен генерал и припадник на христијанската маронитска заедница.
Тој и неговите приврзаници од Слободното патриотско движење, успеаја да обезбедат мнозинство во Парламентот по спроведени 46 кругови гласање.
Аун ја имаше подршката на моќното шиитско движење Хезболах, но неговата кандидатура беше постојано попречувана од Движењето за иднина на либанските сунити, кои се најбројна верска заедница во државата.
Политички договор меѓу овие две политички движења беше постигнат на почетокот од октомври. Аналитичарите во Бејрут веруваат дека изборот на Аун за претседател со подрша на сунитското движење ќе резултира со поставувањето на неговиот лидер Саад Харири, за нов либански премиер.
Политичката блокада беше предизвикана и поради 5,5 годишната граѓанска војна во соседна Сирија и напливот на повеќе од еден милион сириски бегалци.