Министрите за одбрана на САД и Азербејџан разговараа за Авганистан, тероризмот и иранската нуклеарна програма

Од:

Министрите за одбрана на САД и Азербејџан, Чак Хејгел и Сафар Абијев, вчера разговараа за ситуацијата во Авганистан, борбата против тероризмот и изгледите за решавање на иранскиот нуклеарен проблем, се наведува во соопштението на Пентагон.

Хејгел изрази благодарност до својот колега за продолженото учество на Азербејџан во Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан (ИСАФ) и за тоа, дека дозволува користење на својата територија за транзит на стоки за Авганистан.

hejgl-abiev

Двајцата министри изразиле согласност за продолжување на заедничката работа на прашања, вклучително заеднички операции на вооружените сили на НАТО и Азербејџан, борбата против тероризмот, промените во областа на одбраната и безбедноста по море.

Шефор на Пентагон, во однос на неодамнешното именување на Хасан Рохани како нов ирански претседател, истакна дека Техеран треба да преземе брзи мерки со цел да ја отфрли длабоката загриженост на меѓународната заедница во однос на неговата нуклеарна програма.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД