Министерството за здравство во Газа: Убиени се 70.100 лица од почетокот на војната

Од:

Министерството за здравство во Газа во понеделник соопшти дека бројот на жртви меѓу Палестинците надминал 70.000 од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Бројот на жртви продолжува да расте откако најновото примирје стапи на сила на 10 октомври, објави АП.

Израел продолжува да извршува напади како одговор на она што го нарекува прекршување на примирјето, а телата од претходните фази на војната сè уште се извлекуваат од урнатините, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство во Газа е составено од медицински експерти и води детални евиденции што меѓународната заедница во голема мера ги смета за веродостојни.

Министерството соопшти дека бројот на жртви меѓу Палестинците сега изнесува 70.100.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна