Министерството за финансии на САД се противи да ги предаде даночните декларации на Трамп

Од:

Американското Министерството за финансии го одби барањето на Претставничкиот дом да ги предаде даночните декларации на претседателот Доналд Трамп.

Како што соопшти денеска „Вашингтон Пост“, барањето во министерството било испратено од еден од Комитетите на долниот дом на Конгресот, контролиран од демократите.

Министерот за финансии, Стивен Мнучин, писмено го известил претседателот на Комисијата за доходи и расходи, Ричард Нил, дека не може да го исполни барањето бидејќи „не содржи оправдани законски цели“.

Доналд Трамп е првиот американски претседател после Ричард Никсон кој се противи да ги обелодени своите даночни декларации.

Мнучин и претходно, во април, одбиваше да ги предостави даночните декларации на Трамп со изговор дека „е потребно да се утврди дали таквиот чин има законска основа“.

Некои демократи изјавија дека битката за добивање на даночните документи на Трамп ќе ја водат преку суд.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари