Министерски состанок на ЕУ по најавата на Путин за мобилизација резервисти

Од:

Министрите за надворешни работи на Европската унија вечерва ќе одржат итен неформален состанок во Њујорк на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, во врска најавата на рускиот претседател Владимир Путин за мобилизација на илјадници резервисти, соопшти шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Заканата на рускиот претседател за употреба на нуклеарно оружје е „неприфатлива”, изјави Борел во ОН и додаде дека „меѓународната заедница треба да реагира“.

Претседателот Путин денеска нареди делумна мобилизација на резервисти за зајакнување на силите во воениот конфликт во Украина. Путин рече дека Западот сака да ја уништи Русија и предупреди дека доколку постои закана по територијалната целовитост на Русија ќе бидат употребени „сите средства“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран