Министерот за одбрана на Либија поднесе оставка, па се предомисли

Од:

Либискиот министер за одбрана Мохамед ал Баргати, вчера поради криза предизвикана од повеќедневната опсада на двајца либиски министри од страна на вооружени лица, поднесе оставка на функцијата но набргу се откажа бидејќи премиерот Али Зејдан го разубеди од намерата, изјави портпаролката на премиерот.

Премиерот побара од министерот за одбрана да го смени мислењето и да ја земе во предвид сосотојбата во државата, по што тој одлучи да се откаже од одлуката, рече портпаролката за „Ројтерс“.

Владата за само неколку часа подоцна издаде соопштение во кое пишува дека Баргати го смени мислењето откако премиерот Зејдан побара од него да остане на функцијата министер за одбрана, пренесе агенција „Франс прес“

– Чувствував дека сум присилен да поднесам оставка доброволно и без размислување, наспроти разубедувањата од моите колеги. Не можев да ја прифатам политиката на сила која ја користат вооружените групи во нашава нова држава – изјави Баргати во образложение на оставката.

Во меѓувреме Националниот генерален конгрес соопшти дека го отпушти шефот на генерал штабот на Либија, Јусеф ал Мангуш, кој веќе одамна трпи критики поради доцнење, бидејќи одамна требаше да формира вистинска либиска армија.

Некои официјални лица тврдат дека Мангуш ќе остане на својата функција уште еден месец, односно се додека не биде именуван неговиот наследник.

Припадници на либиската полиција, од минатата недела ги држат под опсада Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, барајќи смена од јавните функции на официјални лица од режимот на Гадафи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски