Минатата година за 5,8 проценти повеќе туристи во Чешка

Од:

Во чешките хотели, пензиони и кампови минатата година се сместиле вкупно 13,65 милиони гости, за 5,8 проценти повеќе од 2011 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Извештајот на Чешкиот завод за статистика (ЧСУ) бројот на ноќевања во споредба со истиот период претходно се зголемил за 3,5 проценти на 39,6 милиони. Порастот на посети и ноќевања се должи пред се на туристите од странство, чиј број е речиси 7,2 милиони односно за 6,8 проценти повеќе од претходно.

Во последниот квартал од минатата година бројот на туристите на годишно ниво пораснал за 4,7 проценти на 2,82 милиони, а бројот на ноќевања бил поголем за 3,1 проценти на 7,48 милиони.

Најголем пораст забележале хотелите со пет ѕвезди каде лани биле сместени над 1,05 милиони гости односно во споредба со 2011 година за повеќе од 8,8 проценти.

Исто така се зголемил и процентот на домашни гости кои ги посетувале знаменитостите и градовите во татковината и тоа за повеќе од 4,7 проценти односно поминале за 1,1 процент повеќе ноќи.

Традиционално највеќе гости биле од Германија и Русија кои најчесто биле сместени во чешкиот главен град.

Би можело да ве интересира

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски