Минатата година спасени 13,86 милиони Кинези од сиромаштија

Од:

Минатата година во Кина се спасени 13,86 милиони луѓе во руралните области од сиромаштијата, соопшти Националното статистичко биро.

Сиромашните жители во руралните области на земјата се намалиле од речиси 100 милиони во крајот на 2012 година до 16,6 милиони до крајот на 2018 година.

Минатата година просечниот годишен приход на жителите на сиромашните села се зголеми до 10.371 јуани (околу 1.530 долари).

Под прагот на сиромаштијата во Кина е секој чиј годишен приход е помал од 2.300 јуани. Кина се обидува целосно да се справи со сиромаштијата до 2020 година.

Би можело да ве интересира

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

(ВИДЕО) Американски професори се избодени со нож во Кина

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Кина

ВИДЕО: Кинеска сонда зеде примероци од темната страна на Месечината

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина