Милош Земан одби претседателската заклетва да ја потпише со специјално пенкало од 40.000 евра

Од:

Идниот чешки претседател Милош Земан одби претседателската заклетва да ја потпише со уникатно пенкало, кое чини 40.000 евра и препорача парите да се дадат во добротворни цели, јави дописникот на МИА од Прага.

– Инаугурацијата нема да биде збогатена со посветено пенкало за еден милион круни, рече Земан додавајќи дека на компанијата и препорачал средствата да ги донира за училишен прибор на учениците од регионот каде им е седиштето.

Се уште актуелниот претседател Вацлав Клаус пред пет години заклетвата на функцијата ја потпиша со специјално пенкало изработено од злато и платина наменето исклучиво за претседатели.

Уникатното пенкало го изработи фирмата „Кох-и-нор Хармут“ од Чешке Будејовице, која до национализацијата беше ексклузивен снабдувач на пенкала со мастило за чехословачките претседатели.

Земан веќе ги избрал и соработниците во новиот Кабинет и нивните имиња ќе ги објави по инаугурацијата која ќе се одржи на 8 март во Свечената сала на Прашкиот замок.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски