Милитантите презедоа контрола врз веб страните на либиската администрација

Од:

Милитантната група од Мисратам која го зазеде либискиот главен град Триполи, презеде контрола и врз интернет страните на државната администрација и на националната нафтена компанија.

Милитантите од Мисрата по преземањето на контролата врз Триполи, формираа сопствена „Влада на Либија“, додека легитимниот владин Кабинет и Парламнетот заседаваат во градови на околу стотина километри источно од либискиот главен град.

Од денеска на веб страната на либискиот премиер Абдулах ал Тани, кој престојува во градот Бајда, е објавена фотографија на Омар ал Хаси, кого милитантите го именуваа за „претседател на Владата на национално единство на Либија“ и се наведени имињата на неговите „министри“.

Милитантите презедоа контрола и врз интернет страната на либиската државна нафтена компанија, на која е објавен фотографија на „министерот за нафта во Владата на Хаси“.

Меѓународната заедница стравува дека конфликтот меѓу двете ривалски либиски влади може да ја втурне Либија во крвава граѓанска војна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски