Милион луѓе избегаа од Украина во соседни земји од почетокот на рускиот напад пред една недела, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
In just seven days we have witnessed the exodus of one million refugees from Ukraine to neighbouring countries.
For many millions more, inside Ukraine, it’s time for guns to fall silent, so that life-saving humanitarian assistance can be provided.
— Filippo Grandi (@FilippoGrandi) March 2, 2022
„За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион бегалци од Украина во соседни земји. За уште многу милиони, внатре во Украина, време е пушките да стивнат, за да може да се обезбеди спасоносна хуманитарна помош“, напиша Гранди на Твитер.