Милано ја поседува најголемата вертикална градина во светот

Од:

Најголемата вертикална градна на светот се наоѓа во местото Розано, предградие на италијанската метропола Милано, а цветниот килим од 1263 метри квадратни ја прекрива фасадата на трговски центар, што му донесе место во Гинисовата книга на рекордите.

Вертикалниот килим од цвеќиња се состои од 44 илјади разни видови цветови од околу 200 цветни видови.

Големата фасада прекриена со растенијата почнала да се гради во 2010 година, а е осмислена според проектот на архитектот Франческо Боални, во сроаботка со вработените од архитектонското студио Монпеље.

„Во прв ред ни беше потребна една година да ги одгледаме растенијата кои ги одбравме, а потоа 90 дена да ја подигнеме фасадата”, изјави Болани.

„Станува збор за многу практична метода. Растенијата и цвеќето брзо растат во мали метални садови. Постапно ‘конструиравме’ нешто слично на голема Лего сложувалка и еве го резултатот”, појаснува Болани.

Фасадата, освен естетска има и практична примена, односно придонесува за топлотната изолација на трговскиот центар. Ќе го штити од прекумерната сончева топлина, го апсорбира испуштениот јаглерод диоксид и ја намалува бучавата.

Трговскиот центар побара официјално регистрирање на рекордот по повод дваесет-годишнината од работењето, а сертификатот му е врачен на директорот на центарот, Симоне Раи.

Висечката градина во Розано според површината е поголема од онаа во Мадрид којашто зазема 845 метри квадратни површина и досега беше рекордер во Гинисовата книга.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он